Пари само за 10 километри автопат

Bez autora
Jan 27 2011

Во буџетот за годинава власта успеала да издвои околу 93 милиони евра за инвестиции во патната инфраструктура. Со овие пари ќе се доврши делницата Табановце - Куманово, дел од Коридорот 10, за која Агенцијата за државни патишта ќе одвои 6,7 милиони евра. Овој патен правец се очекува да биде готов до средината на годинава. За целосно издигнување на Коридорот 10 на ниво на автопат, ќе се чека и на изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, со вкупна должина од 28 км. Во Министерството за транспорт и врски се надеваат дека годинава ќе им бидат одобрени финансиите, а почетокот на градежните работи ги најавуваат за втората половина на 2011. Во тек е усогласувањето на тендерската документација во Европската комисија, по што ќе биде распишан меѓународен тендер за избор на изведувач, информираат од транспорт и врски.

Пари само за 10 километри автопатВо буџетот за годинава власта успеала да издвои околу 93 милиони евра за инвестиции во патната инфраструктура.

Со овие пари ќе се доврши делницата Табановце - Куманово, дел од Коридорот 10, за која Агенцијата за државни патишта ќе одвои 6,7 милиони евра. Овој патен правец се очекува да биде готов до средината на годинава.

За целосно издигнување на Коридорот 10 на ниво на автопат, ќе се чека и на изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, со вкупна должина од 28 км. Во Министерството за транспорт и врски се надеваат дека годинава ќе им бидат одобрени финансиите, а почетокот на градежните работи ги најавуваат за втората половина на 2011. Во тек е усогласувањето на тендерската документација во Европската комисија, по што ќе биде распишан меѓународен тендер за избор на изведувач, информираат од транспорт и врски. За овој дел од коридорот минатата година беше завршен само изведбениот проект. Сепак, неизвесно е кога ќе почне изградбата, бидејќи се чекаат пари од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, како и од ИПА-компонентата за регионален развој на Европската комисија. Овој коридор е најзначајната конекција со европските држави, но и со солунското пристаниште, а се' уште не е целосно довршен. Според најоптимистичките сценарија на македонските власти, тој треба да биде готов до крајот на 2013 година.

Коридорот 8, пак, кој треба да не' поврзе со Албанија и со Бугарија и да обезбеди побрз проток на стоките кон тамошните пристаништа, нема абер ниту па почне да се гради. Во Коридорот 8, пак, досега немало ниту една сериозна инвестиција, а автопатот сака да го изгради власта преку давање на делниците под концесија.

Сево ова говори дека Македонија ниту годинава нема да фати чекор со соседните земји во инвестициите во патната инфраструктура. Додека во Хрватска, Србија, Бугарија, а во последните години и во Косово се градат стотици километри автопати, македонската Влада од буџетски пари гради едвај по десетина километри годишно. Граѓаните и професионалните транспортери апелираат за поголема ангажираност на ова поле, бидејќи постои реална опасност Македонија да заврши како слепо црево на Балканот, со стари и руинирани патишта, кои сите ќе ги заобиколуваат.

Сите инвестиции на Владата се насочени кон санација, а не кон нова изградба. Нашата држава ќе мора што поскоро да почне сериозно да инвестира во квалитетна патна инфраструктура, сметаат во Асоцијацијата на транспортери „Макамтранс“. „Проширувањето на приодите кон граничните премини Табановце и Блаце е голем напредок во поглед на олеснување на транспортот“, вели Билјана Муратовска, генерална секретарка на Асоцијацијата. Но, европските транспортери се навикнати да патуваат по квалитетни патишта и без граници и доколку наидат на тесно грло каде што ќе треба да чекаат и да изгубат време, следниот пат ќе побараат алтернативен пат, објаснува Муратовска, додавајќи дека Хрватска, Србија, Бугарија, а последните години и Црна Гора, Албанија и Косово се далеку пред Македонија во поглед на третманот и инвестирањето во патната инфраструктура. Сепак, нагласува Муратовска, свесни сме дека изградбата на патишта е многу скапа, а нашата држава не е моќна самостојно да инвестира. „Чекајќи пред вратите на Европската унија поради спорот со Грција, Македонија нема пристап до европските финансии како другите држави, а светската криза само ги усложни и онака тешките услови. Сепак, и овие инвестиции, иако не се големи, ниту, пак, доволни, се помрднување од мртвата точка“, вели Муратовска.

Инаку, во вкупно планираните 93 милиони евра за изградба на патишта Агенцијата за државни патишта годинава во својата програма за финансирање ги стави и делниците: Коњско – Кожуф, Штип – Струмица, Катланово – Велес, Тетово – Јажинце, Куманово – Липково – Арачиново. „Годинава продолжува реализацијата на Проектот за изградба на регионални и локални патишта во соработка со Светска банка, за кој се предвидени средства во износ од 11 милиони евра и Проектот за регионални и локални во соработка со Европската банка за обнова и развој, за кој се предвидени средства во износ од 10 милиони евра“, информираат од Министерството за транспорт и врски.

За разлика од кај нас, сликата во соседните земји е поинаква. Косово ќе гради автопат од Приштина до македонската граница во должина од 55 километри. Српските власти, исто така, интензивно работат за комплетирање на сите предвидени зафати за изградба на Коридорот 10 што поминува низ земјава. Работите на нови 110 километри на два патни правец од Коридорот во Војводина ќе бидат комплетирани годинава, додека делот од Лесковац до македонската граница ќе биде завршен идната година. Хрватската мрежа на автопати е долга 1.222 километри, а за годинава се најавени нови инвестиции тешки околу 550 милиони евра. Со модерен автопат ќе се поврзува Истарскиот Полуостров, ќе се довршува автопатот Загреб - Велика Горица - Сисак, а се најавува и изградба на трета лента на автопатот Загреб - Карловац, каде што дневниот промет е над 30.000 возила.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik